Украина официјално ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини. Да спроведе истрага поради тоа што во текот на извештајот од Велигденските богослужби погрешно го означила Киев како „руски град“.

Фокс Њуз, која емитувала снимки од Велигденските богослужби што се одржувале во различни делови на светот, прво ја означила богослужбата во главниот град на Украина како „Киев, Украина“. Подоцна текстот на екранот бил променет во „Киев, Русија“. Оваа грешка останала на екранот околу 20 минути, пред да биде коригирана.

Владимир Путин објави велигденско примирје: Запирање на воените операции

Украинското Министерство за надворешни работи ги изрази своите резерви. Бараше извинување доколку оваа грешка не била намерна. Портпаролот на министерството, Хеорги Тихји, нагласи дека доколку тоа беше ненамерно, треба да се направи истрага за тоа кој ја направил грешката.

Фокс Њуз не се огласила со официјално соопштение за оваа ситуација. Повикот на Украина е јасен – бараат објаснување и извинување за оваа неочекувана и чувствителна грешка.

Извор: Миа