Руските власти ги евакуираа жителите кои живеат во деловите на рускиот западен регион Липецк по „масовниот напад“ од украински беспилотни летала кои предизвикаа експлозии, прекин на струја и во кој беа повредени шест лица, изјави регионалниот гувернер Игор Артамонов.

Четири села беа евакуирани откако беше прогласена вонредна состојба во областа Липецк, рече Артамонов, а експлозии одекнале и во близина на воената база на руските воздухопловни сили.

Пожарот избувнал во воздухопловна база надвор од градот Липецк, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на локалните власти за вонредни состојби.

Повиците на социјалните мрежи за евакуација на целиот град беа дел од кампањата за психолошка војна на Украина, додаде Артамонов.

Украинските власти засега не информираа ниту пак потврдија дека извеле напади во областа Липецк.