Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.
– Според достапните информации – Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста на Украина, се вели во соопштението.
Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Во последните денови, руските трупите ги нападнаа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.
– Окупаторите се обидуваат да создадат лажни ’докази‘ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители, се вели во соопштението.