Објавени се видео снимки од ракетирањето на станбени населби синоќа во Киев и Житомир, град во северозападна Украина.
Гореле станбени згради, а луѓето се спасувале по нападот на воена база, соопшти украинската државна сужба за вонредни состојби.
– Четири лица загинаа во Житомир, меѓу кои и едно дете. Русите истрелаа руска крстосувачка ракета која очигледно била насочена кон блиската воздухопловна база, изјави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина на неговиот Телеграм канал.
Тој истакна дека се запалени станбени згради во близина на базата на 95. воздухопловно-десантна бригада во Житомир, 120 километри западно од главниот град Киев, тврдејќи дека нападот бил извршен од Белорусија.