Шефот на службата за односи со јавноста на украинското Воено воздухопловство, Јуриј Игнат, изјави дека руските вооружени сили лансирале беспилотни летала „Шахид“ од територијата на Белорусија.
Игнат за „Украинска правда“ изјави дека е најавена воздушна опасност за Киев и целиот регион.
Според него, руските сили лансирале 10 дронови.