Британецот Вилијам Шекспир, кој беше првиот маж во светот кој ја прими вакцината против коронавирус, почина од болест неповрзана со Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.

Шекспир (81) ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“ во декември минатата година во болницата во Ковентри. Првата личност во светот што ја прими вакцината беше 91-годишната Британка Маргарет Кинан.

Неговата пријателка Џејн Инес изјави дека Шекспор починал минатиот четврток, додавајќи дека „најдобриот начин да му оддадеме почит на Бил е да се вакцинираме“.