Со одлука на Одборот на Групацијата новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group. Регистрацијата е завршена, а целта е што побрз влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Македонија“, изјави, Тамаш Табори.

Вицепремиерот и министер за трнспорт, Александар Николоски во повеќе наврати изјави дека очекува оти со доаѓањето на нов оператор ќе се зголеми пазарната конкуренција, ќе се намалат цените, ќе се подобрат  телекомуникациските мрежи и ќе се забрза дигитализацијата на земјата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека тендер за трет оператт ќе има, оти ставот на новата влада е дека заврши времето на договори во 4 очи. Инаку 4iG потпиша меморандум за разбирање со македонската влада.

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, извршен директор на One Macedonia Telecommunications ќе биде Тамаш Табори.