Со претходното прегласување на ова избирачко место, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник, додека „Вреди“ доби еден пратенички мандат.
По пресудата од Управниот суд, ДИК треба да донесе одлука и собранието да го верификува последниот пратенички мандат. Се очекува да го соопшти и името на новиот пратеник кој доаѓа на местото на Касами, кој задржува функцијата градоначалник на Тетово.
По составот на Владата, Државната изборна комисија ќе одлучува дали и кога ќе има гласање за нови градоначалници, каде што досегашните станаа дел од новиот пратенички состав и Владата.