Познатиот архитект и урбанист Бајрам Вардар, по потекло од Скопје, ќе биде дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити. Вардар, кој беше дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган за време на неговиот мандат како градоначалник на Истанбул, а потоа и главен урбанист на Бурса, се приклучува во изработката на новиот концепт за урбан развој на Чаир.
– Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ќе изработиме Мастер План за Чаир заедно со граѓаните и дополнително план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План – изјави Меџити во видеото од средбата со Вардар.
Со искуството стекнато во два од најголемите турски градови, Вардар носи експертиза и визија која, според најавите, треба да ја трансформира општината Чаир во современ и функционален урбан центар.
Меџити веќе гради тим од врвни архитекти и експерти за урбанизам, меѓу кои и поранешен главен урбанист на Бурса и дел од тимот што работеше на урбанистичкиот развој на Истанбул за време на Ердоган. Според информациите, тие ќе обезбедат експертска поддршка не само во предизборната кампања, туку и во идното водење на Општина Чаир.