Ерменскиот скандал на македонската дипломатија доби нов пресврт откако е објавен документ на МНР дека уште во април бил уапсен Бранислав Димитријевиќ, бегалецот кого од Ереван со приватен авион го извлекле тројца дипломати на МНР, објави Телма. Дописот, со кој македонската амбасада во Загреб известува за екстрадициониот притвор на Димитриевиќ во Осијек, баран преку Интерпол, беше објавен на социјалните мрежи. Но, од МНР одбија да го коментираат, со образложение дека, лицето наведено во него не е вработено кај нив, и оттука овој случај не спаѓа во нивна надлежност.

Документот од април ги подгреа сомнежите во јавноста дека за аферата се знаело порано, иако министрите Османи и Спасовски изјавуваа дека, првпат слушнале во август годинава, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена.

Од МНР тврдат дека им биле побарани информации, но не биле известени за распишана потерница по некој дипломат.

Целиот текст овде.