ЕВН Македонија АД соопшти дека на 25 септември 2026 година (петок) делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден во Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.

Во општина Бутел, електрична енергија нема да имаат корисниците на улица Хо Ши Мин од 08:00 до 14:00 часот.

Во Сопиште, дел од корисниците на улица 9 и од улица 1 ќе бидат без струја од 08:30 до 14:00 часот.

Во Центар, прекин на напојувањето ќе имаат корисниците на улица 11-ти Октомври – зградите број 86 и 52 и околните објекти – од 09:00 до 13:00 часот.

Во Илинден, без електрична енергија ќе останат корисниците во реонот по гробиштата од 12:00 до 13:00 часот.