Утрешниот ден меѓу народот е познат како светла среда. Постарите луѓе кажуваат дека ноќеска треба да се гледа во небото. Ако е ведро и ѕвездено, годината ќе биде родна. Ако има облаци, не чека година на сиромаштја и несреќа.

На небото посебно се бараат ѕвезди кои паѓаат. Се верува дека оној кој прв ќе здогледа една, ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се поврзува и со мртвите.

Ако во семејството некој неодамна ви починал, ноќеска треба да погледнете во небото. Велат дека на овој ден после полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.

Утрешната среда уште се нарекува и „гарава среда“, а името настанало по еден стар обичај кој во некои краеви се одржувал се до пред Втората светска војна.

Имено, на тој ден низ населбата би се движела поворка во која исклучиво биле неоженети мажи до триесетите години. Тие низ местото би оделе со придружба на свирачи и со себе би влекле трупец.

Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смислата на бракот, а оние кои уште не го засновале на овој начин, јавно, биле „повикувани“ да го сторат тоа и да се оженат.