Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 3.100.000 денари.
– Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се преземе од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.