Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Посебниот режим на сообраќај, како што информираат од МВР ќе почне од 14.30 часот до завршување на настанот.

– Затворена за сообраќај ќе биде улица 11 Октомври, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на булевар Илинден, десно по булевар ВМРО и лево по улица Димитрие Чуповски, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од МВР.

Оттаму апрелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.