Средба и потпишување договор
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре во 10 часот ќе се сретне со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, во Владата.
По средбата ќе биде потпишан договор за соработка, а потоа министерот Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со Де Грот на која ќе ги претстават деталите од договорот.
