Утре ретпладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура, велат од УХМР.