Во Македонија на почетокот од работната недела преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и постепен раст на дневните температури. Утрото носи пониски температури кои во поодделни котлини се спуштаат и до три степени.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а максималните вредности ќе бидат во границите од 18 до 26 степени. Најстудено ќе остане во беровскиот крај, додека во Гевгелија живата на термометарот ќе достигне до максимални 26 степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време со умерена облачност, сончеви интервали и северен ветер, при што утринската температура ќе изнесува околу 9, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, стабилни и слични временски прилики без значајни врнежи ќе се задржат и во вторник и среда.