Од вчера во земјава почна вакцинацијата на деца до 17 години, а министерот Филипче порача дека за вакцинација се пријавени 1800 деца.

Досега со вакцината Фајзер се вакцинирани околу 500 деца, со надеж дека овој тренд на вакцинирање ќе продолжи и во иднина, со цел што побрзо да се стекне колективен имунитет.