– Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на ‘Астра Зенека’ преку Ковакс системот, напиша Филипче.

Македонија од Ковакс програмата треба да добие 100.800 вакцини од „АстраЗенека“ и според претходните најави останатиот дел на дозите треба да биде испорачан во земјава во првата половина на април.

Денеска во Босна и Херцеговина стигна првиот контингент вакцини преку Ковакс програмата – 23.400 дози на „Фајзер“. Вечерва треба да стигнат уште 26.400 дози на „АстраЗенека“. Наредниве денови и Црна Гора треба да ја добие првата пратка на вакцините од Ковакс механизмот.