Четиринаесетгодишната Вања починала од прострелна рана, но на крајот точниот наод ќе го покаже обдукцијата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања за причините на смртта на 14-годишното девојче кое беше убиено.
Спасовски на вонредната прес-конференција вечерва изјави и дека два пиштоли биле најдени на територија на Скопје, во рамки на предистрагата и тие треба да се вештачат.
Во врска со постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше приведен попладнево во Турција, Спасовски очекува таа да биде завршена во брзо време.