– Цел живот сум осигуреник на Македонија! Не знам колку средства сум дала за Фондот. Но, дојде време да добијам вакцина на товар на српските осигуреници! И должам огромна благодарност на српските здравствени работници кои без лош збор, без нервоза или двоумење не примија иако беше јасно дека се “шверцуваме”. Да можев ќе го изгушкав. Сега да преживеам до втората вакцина па ќе размислам дали е ова се’ уште моја држава. Ме лиши од достоинство, ме распродаде како стока и мене и моите предци, ме жигоса и сега и ми го загрозува здравјето наместо да ме штити! Благодарност за Србија, и за сите други македонски граѓани што ги вакцинираше и ќе ги вакцинира, порача Ванковска.