Како што беше најавено претходно во Виена, после Србија, Црна Гора ќе добие 2.340 дози вакцини на Фајзер, потоа Босна и Херцеговина – 10.530, а Северна Македонија, Косово и Албанија ќе добијат по 4.680 дози.

До август, како што беше најавено, земјите од Западен Балкан ќе добијат вкупно 651.000 дози вакцини од колективната набавка на ЕУ.

Најголем број вакцини ќе добие БиХ -214.000, потоа Албанија -145.000, Северна Македонија – 119.000, Косово 95.000, Црна Гора 42.000 и Србија 36.000.