Прва доза вакцина вчера примиле 5.626 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 686.788 дози вакцини, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.
Со последните бројки 57 отсто од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 54 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина.
Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица коисакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.