Вечер на Извршен и на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат потврдени предлозите на мандатарот Мицкоски за идната влада.
Коалициските партнери, „Вреди“ и „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски веќе ги објавија имињата.
Мицкоски најави дека во вторник до Собранието ќе ги достави персоналниот состав и програмата. Седницата ќе се одржи идниот викенд. Според Деловникот, расправата трае најмногу два дена, а се гласа пред полноќ.
За да се избере новата извршна власт потребно е мнозинство од 61 пратеник, што власта го има.