Вечно дерби Вардар – Пелистер ја отвора новата сезона во ПМФЛ

Вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се одигра вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер, со кое започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Вардар, актуелен освојувач на Купот, влегува како фаворит, но Пелистер, засилен со нови имиња, не е за потценување.

Навивачки спектакл на трибините

Дербито ќе биде збогатено со присуството на двете најголеми навивачки групи во земјава. Комити Скопје најавуваат масовно присуство на западната трибина, додека Чкембари од Битола организираат гостување со автобуси. Очекувањата се атмосферата на стадионот да биде на врвно ниво.

Влезници и организација

Вардар, кој минатата недела ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, сега целосно се фокусира на домашните натпревари. Влезниците за дуелот со Пелистер се продаваат преку мрежата на „МкТикетс“ по цена од 200 денари, и тоа само за јужната трибина. Влезот за Западна трибина е 100 денари со членска карта од Комити.