Ова достигнување го објави министерот за здравство Мет Хенкок и додаде дека во бројката се вклучени двете дози, пренесе „Мирор“.

Повеќе од 37 милиони Британци примиле дна доза, а повеќе од 21 милион ги примиле двете дози.

Националната здравствена служба соопшти дека сега на ред за вакцинација се лицата постари од 32 години.

Велика Британија постави цел да ги вакцинира возрасните граѓани до крајот на јули.

Четвртата, последна фаза од укинувањето на рестриктивните мерки е закажана за 21 јуни, кога повеќето од мерките треба да бидат укинати.