Специјалниот претставник на британскиот премиер Борис Џонсон за авганистанската транзиција Сајмон Гас отпатувал во катарската престолнина Доха каде што ќе се сретне со политичките претставници на талибаните, наведува портпаролот на британската влада во соопштението од вторникот ноќта.

„Гас ќе се состане со високи претставници на талибаните за да ја истакне важноста од безбедно излегување од Авганистан за британските државјани и за оние Авганистанци кои работеле со нас последните дваесет години“, се додава во соопштението.

САД во понеделникот го довршија повлекувањето на своите трупи од Авганистан, ставајќи крај на 20-годишната војна што кулминираше со враќање на талибаните на власт.

Британската мисија беше завршена претходно во саботата, кога нејзиниот последен лет го напушти Кабул откако беа евакуирана повеќе од 15.000 луѓе во двете седмици откако талибаните ја заземаа контролата над Авганистан.