Лицата со попреченост од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци “Скопје” ќе добијат 5 негователи, откако денеска на седница на Влада беше усвоена одлуката по барање на министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
„Денес успеав на седница на Влада да обезбедам вработувања на 5 негователи, кадар кој беше неопходен за непречено функционирање. За жал, корисниците ја немаа специјалната нега, дел од нив се заковани за креветите, со отворени рани и декубити, а други примаат храна преку сонда. Нема да дозволам во иднина да се загрозува функционирањето на процесот на деинститиционализација, а со тоа и здравјето на корисниците“, вели министерот Велковски.
Лицата со попречености беа оставени на милост и немилост без нега и грижа од страна на претходното ракoводство, за што Велковски порачува дека социјалната политика и заштита е и ќе остане приоритет во неговото работење.