Верстапен до својата прва титула во кариерата дојде на драматичен начин, претекнувајќи го Хамилтон во последниот круг од трката.

Верстапен и Хамилтон влегоа во трката во Абу Даби бодовно израмнети (369.5) што однапред ветуваше драматична завршница сезонава во Формула 1.

Холанѓанецот стана 34. возач во историјата кој ја освоил титулата светски првак, а рекордери се Луис Хамилтон и Германецот Михаел Шумахер сÐ ¾ по седум титули. Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо има пет, додека Французинот Алан Прост и Германецот Себастијан Фетел по четири светски титули.