Под контрола е ставен пожарот на тревната површина што избувна на Ситонија, Халкидики, пренесува грчкиот портал „Прототема“.
Пожарот избил помеѓу Метаморфози и Никити.
На местото на настанот излегле 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица.
На ова подрачје бил испратен и хеликоптер. Во моментов не е загрозена ниту една станбена површина.
Грција со денови се бори со шумските пожари кои беснеат на Родос, Крф и Евија.