Летаа крововите од куќите и зградите, се корнеа дрва од силниот ветер кои оштетија стотици автомобили. Невремето остави жртви, а штетите за куќите и автомобилите се огромни.

Генералниот директорат за метеорологија на Турција 17 градови ги стави во портокалова, додека пак 35 градови во жолта зона. Во невремето вкупно 6 души го загубија животот, а 44 лица се повредени.

Наставата со физичко присуство денеска беше прекината во градовите Истанбул, Бурса, Коџаели, Чанаккале, Сакарија, Текирдаг, Баликесир, Јалова, Синоп, Дузче и Бартин.

Во невремето животот го загубија 6 лица, а 44 лица се повредени во Истанбул, Зонгулдак и Коџаели.

Невремето во Истанбул го парализираше јавниот транспорт. Се откажаа брзите фериботи и поморски автобуси, а затворени за работа се и линиите на жичарниците.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција, амбасадорот Николаус Мајер Ландру изрази сочувство за лицата кои ги загубија животите поради невремето. Тој изјави дека се солидарни со турските граѓани и владата.