Пленковиќ, Берош и Јандроковиќ вакцината ја примија пред камери со цел да ги убедат граѓаните дека нема причина за недоверба во таа вакцина и дека е добра како и секоја друга.
По некои смртни случаи поврзани со имунизација од „Астразенека“ во Европа, Европската агенција за лекови ги испита настаните и откри дека вакцината од „Астразенека“ е безбедна и ефикасна и дека не е поврзана со згрутчување на крвта.
Британскиот премиер Борис Џонсон, целиот словенечки државен врв, како и истакнатиот хрватски научник Иван Џикиќ од Гете институтот во Германија беа вакцинирани со вакцина од „Астразенека“.