Анонимуси упатија морничави закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Велат дека тој мора да престане со своите „опасни“ активности на Косово. Наведуваат дека тензиите на северот на Косово ги предизвикале српски криминалци кои се обидуваат да предизвикаат вооружен конфликт.

„Српскиот автократ Александар Вучиќ, заменик на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот, користејќи механизми на насилство и терор типични за воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но тоа за него ќе биде самоубиство“, се наведува во пораката.

Од почетокот на војната во Украина, Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции за Русија.

Србите во северниот дел од Косово започнале да ги напуштаат подигнатите барикади. Српскиот претседател Вучиќ денеска ја укинал зголемената борбена готовност на војската и полицијата.