На повидок огромен е огромен скандал за трошење повторно на народни пари и нормално повторно во главна улога на кадри кои што раководат со институции, кадри на оваа Влада од СДСМ и ДУИ. Бесмислено е, сомнително е, чудно, без поента ќе се потрошат над 20 милиони денари од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и убеден сум дека во време на сред сериозна економска криза и катаклизма, многу е сомнително како се даваат преку тендер, над 20 милиони денари преку ТИРЗ, поточно 23.6 милиони денари со ДДВ, за јавна набавка насловена: “Мониторинг на договорите на државна помош”, ова го кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Замислете, ТИРЗ и директорот во ТИРЗ, Деспотовски, бараат мониторинг на договорите кои ги даваат за доделување на државна помош и за тоа даваат 23.6 милиони денари, на тендер кој е објавен во април под број 070055/2022, а заврши на 31 мај, тендер кој сега е најверојатно во фаза на евалуација. И она што е најсомнително, односно посомнително испумпување на државни пари, ниту се видело, ниту се случило. Имено, согласно законот за контрола на било која државна помош што ја дава државата или институциите, надлежност за мониторинг има Комисија за заштита на конкуренција и тоа е уредено во член 24. Додека пак согласно законот за ТИРЗ, институцијата има надлежност согласно член 12 да води евиденција за доделената државна помош во име на давателот, односно давателите да подготви годишен извештај и да го достави до Комисијата за заштита од конкуренција еднаш годишно, најдоцна до 31 март. Онаа комисија која што ја има надлежноста за мониторинг и контрола на државната помош која што е давана од државата. Да сумирам, во ниту ниеден закон нема превидено дека вакви контроли можат да прават надворешни лица кои што сакаат да ги ангажираат на тендер раководството од ТИРЗ. Институции како ТИРЗ, како Комисија за заштита од конкуренција и останатите, Владата, министерствата кои што имаат стотици и стотици, можеби вкупно илјадници вработени, незаконски е и срамота е да ангажираат надворешна фирма за контрола на државната помош. Оттука можеме да заклучиме и потенцираме дека, ова е уште еден сомнителен начин на испумпување на парите на граѓаните. Тотално е непотребно ваква јавна набавка, во сред економска криза, но и незаконски е ако имаме институции државни кои треба да го работат истото ова што треба да го сработи оваа фирма која би го добила овој тендер. Во спротивно, еве да прашаме зошто се толку вработени во институциите кои што ја имаат оваа работа? Еве јавно да прашаме, дали фирмата која што ќе биде ангажирана бидејќи сега тендерот е во фаза на евалуација согласно овој тендер е фирма блиска на некој начин до СДСМ и истата ќе треба да го мониторира она што го даваат како државна помош? Додека пак граѓаните, стопанството и компаниите тонат во сериозна економска криза, ТИРЗ одлучи односно СДСМ одлучи и оваа Влада на СДСМ да потроши на сомнителен начин 23.6 милиони денари и притоа да отвори сомнеж во чии џеб ќе завршат овие пари. Наместо овие пари да бидат прераспределени во стопанството и да се помогне онаму каде што треба, во оваа сериозна економска криза, ние гледаме дека владата продолжува и понатаму со сериозни тендери да испумпува пари на граѓаните и да ги троши на непродуктивни трошоци односно да ги троши во ветер. Ова лудило мора да прекине, а овој тендер мора да биде запрен и поништен. Овој тендер е тотално непотребен во овие институции.Огромна сума на пари ќе биде потрошена под сомнителни околности,пари на граѓаните, не пари на Ковачевски, на директорот на ТИРЗ, или на Владата, не, туку пари на граѓаните, истакна Арсовски.
Ова е уште една причина дека само предвремени парламентарни избори се излез од оваа луда политичка криза која што ја креира СДСМ и нивната Влада. И ова е уште една причина сите заедно да ве повикам да го искажеме нашиот револт, за овој и за уште илјадници други случаеви, коруптивни зделки, целата национална катастрофа што ни се случува на протестот на 18 јуни, додаде тој.