Тој го изговори презимето на рускиот претседател „Клутин“.

– Му објаснив на претседателот Клутин… Путин… дека САД се непоколебливи во поддршката на нашите сојузници и партнери во Европа, се вели во соопштението на Белата куќа во кое се цитира Бајден.

Покрај тоа, претседателот на САД речиси изговори „вакцинација“ наместо „ескалација“, додека зборуваше за односите со Русија, пренесе ТАСС.

– Соединетите Држави не сакаат да почнат вакци… ескалација и конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна и предвидлива врска, рече Бајден.