Десетици илјади луѓе се собраа во главниот град на Соединетите држави за да побараат прекин на огнот во Газа. Демонстрантите го обвинија Бајден дека врши геноцид врз Палестинците додека Вашингтон продолжува да се спротивставува на повиците за прекин на војната и покрај зголемениот број жртви, како што објави Ал Џезира.

„Бајден, Бајден, не можете да се сокриеш, те обвинуваме за геноцид“, скандираа демонстрантите.

Експертите на Обединетите нации предупредија на зголемениот ризик од геноцид во Газа поради немилосрдното израелско бомбардирање на енклавата, кое беше започнато како одговор на нападите на Хамас врз јужните израелски заедници на 7 октомври.

Демонстрантите одржаа протест под мотото „Слободна Палестина“:

Конвенцијата на ОН за геноцид го дефинира геноцидот како „акти извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“, вклучувајќи убиства и мерки за спречување на раѓања.

Администрацијата на Бајден го повика Израел да ги „минимизира“ цивилните жртви, но исто така инсистираше на тоа дека нема „црвени линии“ за тоа како американскиот сојузник ги спроведува своите воени операции.

Бајден, исто така, побара преку 14 милијарди долари помош за Израел од Конгресот за да помогне во финансирањето на тековната војна во Газа, каде што се убиени најмалку 9.488 Палестинци, според здравствените власти во енклавата контролирана од Хамас.

Многу демонстранти на саботниот митинг повикаа на прекин на американската помош за Израел. Протестите се протегаа на неколку блока од Фридом Плаза, во близина на Белата куќа, на исток кон американскиот Капитол.