Ова го рече претседателот на поранешната владеачка бугарска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот Зоран Заев во Софија.

Првиот состанок на македонската делегација во Софија утрово беше со поранешниот премиер на Бугарија, како и со Георг Георгиев, Даниел Митов и Екатерина Захариева.

– Ако не најдеме решение како две држави, два народа, двете генерации млади Македонци и Бугарите ќе се мразат. Ќе направиме така што нема да ни требаат инфраструктурни проекти, затоа што никој нема да сака да помине низ нив, рече Борисов.

Сегашната привремена влада има целосно право да преговара со вас. Тие ќе бегаат од одговорност, тие секогаш го прават тоа, истовремено лажејќи ги евро-атлантските партнери дека се залагаат за Република Северна Македонија да влезе во ЕУ, рече Бојко Борисов.


Подоцна денес, премиерот Заев ќе оствари средби со привремениот бугарски премиер Стефан Јанев и со претседателот Румен Радев.