Танкерот Х-Прес Перл регистриран во Сингапур гореше скоро две недели пред пожарот да биде изгаснат оваа недела.
Ако бродот потоне, стотици тони гориво може да се излеат во морето и да го уништат морскиот живот таму.
Воените морнарици на Шри Ланка и Индија работеа заедно во изминативе денови за да го изгаснат пожарот како и да го спречат кршењето и потонувањето на бродот, но нивното работење го отежнува невремето на морињата и монсунските ветрови.
Портпаролот на морнарицата Шри Ланка, Индика Силва за Би-Би-Си изјави дека „спасувачите се обидуваат да го вовлечат бродот во длабокото море пред да потоне за да се минимизира загадувањето на морето“.
Уништување на целото морско дно
Екологот Ајанта Перера предупреди дека можноста за потонување е „најлошото сценарио за животната средина“.
-Со целиот опасен товар, азотна киселина и други соединенија, како и горивото на бродот, тонењето ќе доведе до уништување на целото морско дно, додаде таа.
Крајбрежната област во близина на градот Негомбо е веќе загадена со нафта и друго загадување.
Министерството за риболов на Шри Ланка објави дека стапиле во сила итни мерки за заштита на лагуната Негомба и околните области.
Пожарот на „ MV X-Pres s Pearl” постојано гореше од 20 мај, предизвикувајќи сериозни штети на бродот, што, според официјалните лица, е „стар само пет месеци” и предизвика сериозно загадување во океанот и долж поголемиот дел од познатите плажи на островот.