Корисниците на социјалните мрежи ја нарекле „нестварна“. Нејзините сопственици, пензиониран пар од Данска, кој не е на островот, воодушевени се дека куќата останала цела.
– Почнале да плачат кога им кажав дека нивната сакана куќа е недопрена, вели за Ел Мундо, архитектката на куќата Ада Моникендам.
Куќата чудо се наоѓа на Ел Параис каде повеќе од половината згради, вклучително и училиштето, се уништени.
Парот го избрал токму Ла Палма бидејќи им се допаднал вулканскиот пејзаж, вели Моникендам и додала дека и е жал оти куќата сега е напуштена и дека нема никој кој би можел да се грижи за неа.
Лавата синоќа значително го забавила својот тек што предизвика стравување дека би можела да се прошири по островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.
‘Miracle house’ spared from being scorched by La Palma lava pic.twitter.com/BWADeH9Me5
— The Sun (@TheSun) September 24, 2021