Шест лица загинаа во Вухан, а уште четири во градот Шенгзе, на источниот брег во близина на Шангај, соопштија локалните власти.

Торнадото првпат го погоди Шенгзе синоќа околу 19 часот по локално време, при што беа оштетени згради на фабрики и електричните постројки, јави Синхуа.

Властите на тој град на социјалните мрежи објавија дека загинале четири лица, а 149 се повредени.

Градот Вухан, торнадо со брзина од 86 километри на час, го погоди во 20.40 часот по локално време и уништи повеќе од 20 домови и предизвика прекин на електричната енергија во 26.600 домаќинства. Властите соопштија дека шест лица загинале, а 218 се повредени во Вухан.

Новинската агенција Синхуа објави дека 27 куќи биле урнати во Вухан, а други 130 биле оштетени.