На друштвените мрежи се споделува видео снимка на Американката Хејли од Јута, САД, која покажа неверојатна храброст, но и сила, откако нејзиниот двор од семејната куќа го одбрани од мечка и тоа со голи раце.

Снимката првично се споделуваше на мрежата Тик-Ток, а подоцна се појави на останатите друштвени мрежи по што заврши во вестите од светот.

На снимката се гледа мечката со две мечиња како стои на ѕидот од дворот. Мечињата побегнаа на време, но мечката остана на ѕидот и почна да замавнува со шепата на кученцата, што Хејли никако не сакала тоа да го дозволи.

Во еден момент таа притрчува, ја турка огромната мечка во дворот од комшиите, а потоа своите миленици ги однесе на безбедно во нејзината куќа.

Погледнтете како изгледало тоа:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COMPLEX (@complex)