Денвер Нагетс предводен од Јокиќ стигна до четвртата победа во финалето и првата титула во историјата. Нагетс имаа можност да стават точка на брилијантната сезона, а истото и го направија.

Најскапиот билет, според „Тикетмастер“, чини 50.000, а најевтиниот нешто повеќе од 1.600 долари. Достапни се и неколку билети за седишта недалеку од теренот по цена од 10.000 долари.

„Оние што имаат карти ќе имаат две опциии: да го задржат својот билет и потенцијално да бидат сведоци на историјата на Нагетс или да го препродадат за огромен профит“, пишува „Денвер пост“.

Кошаркарот на Денвер Нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ беше релативно мирен по освојувањето на шампионскиот прстен во НБА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet)

Историскиот пехар за Нагетс е главно дело на Никола Јокиќ, кој беше предводник на овој тим цела сезона.

Јокиќ само во неколку моменти покажа емоции, додека пред ТВ камерите беше мирен. Тој имаше легендарна изјава.

Знаевме дека тие се одличен тим и тие се неверојатен тим кој многу го почитувам. Не можевме да погодиме шут долго време, но успеавме да најдеме начин. Кошарката е жива работа и затоа е толку убав спорт. Какво е чувството? Добро, добро… Работата е завршена. Сега можеме да си одиме дома“, рече Јокиќ.