Голема трагедија во Кочани. Се запали дискотека за време концерт на дуото ДНК, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви неофицијално е 53 лица, а бројката на повредени во пожарот дополнително ќе се утврдува.

Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле. Телевизија МНет сподели видео од дискотеката утрово.

Еве како изгледа дискотеката во Кочани утрово

Семејствата молат за помош

Во меѓувреме, дел од семејствата молат за помош.

Објавен е список на пренесени деца од Кочани и Штип во скопските болници. Ова следува по барањата на семејствата за какви било информации за нивните најблиски кои биле во дискотеката која се запали синоќа.

(ФОТО) Објавени списоци на пренесени деца од Кочани и Штип во скопските болници

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, изрази длабока тага за трагедијата каде пожарот во Диско клубот Пулс однесе многу млади животи. Тој го нарече овој ден „тежок и многу тажен“ за Македонија, повикувајќи на заедништво и поддршка за семејствата на жртвите и за повредените, додека Владата се мобилизира за помош и утврдување на причините.

Мицскоски: Тежок и многу тажен ден за Македонија – загубата на толку млади животи е ненадоместлива, сочувство до семејствата на жртвите и брзо закрепнување на повредените

Премиерот изрази надеж во духовна утеха.