Само неколку часа по објавувањето на новиот спот, италијанскиот бенд надмина над два милиона прегледи на YouTube.

Провокативниот видеозапис за „I Wanna Be Your Slave“ веќе разгори многу дискусии кај фановите за сексуалноста.

-Вметнавме некои контрасти: ‘Јас сум ѓавол, јас сум адвокат, јас сум убиец, јас сум русокоса девојка’. Сакавме да ја истакнеме идејата дека не ни е потребен еден единствен идентитет, секој може да има многу лица – вели фронтменот Дамијано Давид.