Тој додаде дека не се знае дали ќе има нова и нова мутација на вирусот што ќе предизвика нови бранови што значи дека оваа пандемија може да трае и повеќе години.

– Ова значи дека што поголем број на граѓани треба и мора да се вакцинираат. Така ќе се заштитат себеси, така и да е присутен вирусот и да дојде некоја нова мутација веројатно ако се заразат ќе имаат лесна форма на болеста, веројатно форма на некаква настинка, изјави Филипче.

Тој најави дека до крајот на неделава се очекува средба на Комисијата за заштита од заразни болести на која уште еднаш ќе биде разгледано прашањето дали по откривањето на неколкуте случаи со индискиот, делта сој во земјава би можело да се размислува за воведување на евентуални рестриктивни мерки.

Генерално состојбата во земјава е мирна и стабилна, нема зголемување на бројот на прегледи во болниците во врска со коронавирусот, кај четворицата пациенти од вчера е детактиран делта сојот, кај еден пациент е потешка клиничката слика, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој изјави дека ова е ситуација којашто ни укажува и ни покажува колку е битно граѓаните да се вакцинираат и дека вакцината, било која од вакцините коишто ги имаме во нашата земја, штити од тешка форма на болеста и од смрт.