Од сите страни пристигнуваат проштални пораки за актерот Жарко Лаушевиќ, а меѓу нив се најде и пораката од ФК Партизан, кои на посебен начин се опростија од овој голем човек.
На нивниот официјален профил на Твитер, црно-белите објавија клип од филмот „Свечена обврска“ од 1986 година.
Во овој филм, Лаушевиќ играше професор по географија, кој е повикан во војска, каде што се спријателува со фармерот Ранко (Славко Штимац).
Така Лаушевиќ при еден разговор бил прашан „за кого навива“, на што тој одговорил „За Партизан!“ како од топ.
— FK Partizan (@FKPartizanBG) November 15, 2023