За неа веќе на големо се зборува. Младата Шанел ја претстави Шпанија на Евровизија со нејзината песна SloMo, со заводлив танц и магнетен ритам, во полн стил со кубанската душа на девојката.

Но, која е Шанел?

Родена во Куба и израсната во Каталонија, Шанел Тереро е родена во 1991 година и се преселила во Шпанија со своето семејство кога имала само 3 години. Од мала студирала пеење, танц и глума, а во 2010 година настапила заедно со Шакира, како танчерка, на MTV Europe Music Awards.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chanel Terrero (@chanelterrero)

Шанел е многу еклектична актерка, покрај нејзините искуства како танчерка, играла улоги во важни мјузикли во театарот, како што се Мама Миа и Кралот Лав, но глумела и во филмови и ТВ серии во шпански продукции, вклучувајќи ја и сапуницата Тајната, многу популарна и во други држави во Европа.

Конечно, Шанел се впушти и во кариера како пејачка, успевајќи да се етаблира на Бенидорм фест 2022 година со песната SloMo и со тоа да добие пропусница за Евровизија 2022 во Торино.

Пејачката и актерка Шанел Тереро е многу активна на социјалните мрежи, меѓутоа, на сите социјални медиуми, пејачката ја споделува со својата публика само содржината што се однесува на нејзината работа помеѓу глумата и музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chanel Terrero (@chanelterrero)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chanel Terrero (@chanelterrero)

Инаку на Твитер овие денови се врти и видеото од финалето на Евровизија каде додека се објавуваше победникот, Шанел ја бакнуваше својата девојка во уста и цело време плачеше.