Откако Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Тој денеска пристигна во кривичниот суд, а неговото пристигнување во живо го пренесе порталот инфомакс.мк.

Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против Мухамет Зекири заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

ФОТО: ИНФОМАКС