Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманан, јавно го обвини поранешниот капитен на Франција, Карим Бензема за соработка со терористи.
Тој го обвини фудбалерот на Ал Итихад дека соработува со терористи, поради што сега може да се покрене истрага. Претходно Бензема јавно застана на страната на Палестинците во судирот меѓу Израел и Палестина.
„Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри во земјата, но сега јавно му се обраќам на господинот Карим Бензема, кој одржува контакти со злогласни лица, и како, што сите знаеме, со `Муслиманските браќа`“, изјави Дерманан на ТВ.
Француската политичарка Валери Бојер ја изненади француската јавност барајќи на Карим Бензема да му се одземе француското државјанство и Златната топка што ја освои минатата година.
Бензема засега молчи. Франција претходно забрани протести за поддршка на Хамас. Во Париз беше растурен таков протест. Европските земји се плашат од повторното заживување на исламскиот тероризам. Од 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. Има голем број жртви и на двете страни.