Георгиевски и донесе олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Со победата од 12:6 во полуфиналето од Олимписките игри во Токио, Георгиевски се пласираше во финалето од ова натпреварување.
Тој пред еден месец гостуваше во нашата емисија на Радио Лидер „Лидер на неделата“ каде што најави дека ќе и донесе олимписки медал на Македонија и истакна дека верува во себе и верува дека ќе успее, по што и го потврди истото.
Денеска тој ќе се бори за златниот медал во финалето кое ќе се оддржи во 14:45 часот.